Со халал-храна во поход на арапскиот пазар

Bez autora
Feb 23 2014

Максимална хигиена, контрола од верската заедница на муслиманите, отсуство на какви било продукти од свинско потекло, строга забрана на генски модифицирани организми се само дел од барањата што мора да ги исполнат фабриките пред да почнат со производство на халал-храна. Самиот начин на производство е еден сеопфатен концепт, кој од муслиманите бара да користат производи, активности и услуги дозволени од шеријатот, односно „мора да се чисти во секој поглед“. Во земјава има 16 фирми кои се занимаваат со овој вид производство, дел само го имаат имплементирано системот, а дел веќе и имаат сертификација. Во Министерството за економија велат дека во земјава халал-стандардот почна активно да се воведува во 2010 година.

Со халал-храна во поход на арапскиот пазарМаксимална хигиена, контрола од верската заедница на муслиманите, отсуство на какви било продукти од свинско потекло, строга забрана на генски модифицирани организми се само дел од барањата што мора да ги исполнат фабриките пред да почнат со производство на халал-храна.

Самиот начин на производство е еден сеопфатен концепт, кој од муслиманите бара да користат производи, активности и услуги дозволени од шеријатот, односно „мора да се чисти во секој поглед“. Во земјава има 16 фирми кои се занимаваат со овој вид производство, дел само го имаат имплементирано системот, а дел веќе и имаат сертификација.

Во Министерството за економија велат дека во земјава халал-стандардот почна активно да се воведува во 2010 година.

- Во Македонија се имплементира босанскиот халал-стандард БАС 1049:2007 (2010). Сертификацијата на овој стандард ја вршеше Агенцијата за сертификација на халал-стандард од Тузла во соработка и договор со Исламската верска заедница на Македонија. Воведувањето на халал-стандардот во Македонија го вршат овластени консултанти од Агенцијата за воведување на овој стандард од БиХ во соработка со ИВЗ на Македонија. Досега седум компании го вовеле и сертфицирале своето работење по овој систем, а 9 компании го имплементирале, но с` уште не го сертифицирале, односно немаат халал-сертификати - велат во ресорното министерство.

Во компанијата „Свислион“ велат дека на ваков начин произведуваат веќе неколку години. Системот им е имплементиран, но не и сертифициран, бидејќи немаат континуирана нарачка.

- Извезуваме во многу муслимански држави како Либија, Ирак, Иран, Босна и Херцеговина, но досега никој од нив стриктно не побарал да го имаме сертифицирано системот, туку битна беше имплементацијата што ја имаме. Сертификација не сме направиле бидејќи таа е со ограничен рок, а е многу скапа и чекаме зделка со чиј извоз таа ќе се исплати - вели Фросина Мешкова, генерален директор на „Свислион“.

Во фабриката за масло „Благој Ѓорев“ од Велес ни рекоа дека кај нив системот халал е во тек на имплементација.

- Нашите партнери од Босна ни го побараа системот. Затоа и се решивме да го воведеме. Извезуваме на многу муслимански пазари и тоа маргарин, масло за јадење и кондиторски производи. Наши луѓе се на обука и очекуваме по нивното враќање за кратко време да го имплементираме - вели Никола Варадинов, директор на „Благој Ѓорев“.

Во фирмата за месни производи „Ука комерц“ велат дека уште од отворањето на фабриката до денес произведуваат исклучиво по халал.

- Нашите производи се од говедско и пилешко месо и се произведени само по овој стандард. Секое парче суво месо или паштета е произведена на специфичен начин. Асортиманот освен на домашниот пазар, го има и во речиси сите соседни држави - велат во „Ука комерц“.

Халал-концептот на работење доживува пораст и е присутен во прехранбената индустрија и во други гранки, како фармација, козметика, угостителство, банкарство. Доминантна позиција зазема во прехранбената индустрија и се смета дека една третина од светското производство на храна ги исполнува овие барања. Големината и потенцијалот на халал- пазарот во поединечни региони се различни и зависат од вкупниот број корисници, општата состојба на економијата и од други пазарни фактори: традиционални, културолошки и религиозни. Освен комплексноста, постои стабилен и континуиран раст на пазарот за подолг период. Околу 1,8 милијарда муслимани на целата планета консумираат халал-храна. Многу луѓе во светот велат дека стандардот е и здрав начин на живеење, современ начин на облекување, лечење, убавина.

Според светските статистики вредноста на т.н. халал-пазар се проценува на над 650 милијарди долари, со очекуван раст од 25 до 50 проценти секоја година. Во регионот најголем број сертифицирани компании со халал има во Хрватска, повеќе од педесет, а потоа во БиХ, каде што има 47 компании што работат по овој систем.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik